Испечати

Видео рецепт: Лаврак со маслинова тапенада

Видео рецепт: Лаврак со маслинова тапенада

Состојки

    Овој рецепт можете да го сретнете во отмените ресторани, но многу едноставно можете да го подготвите и сами. Тапенадата потекнува од југот на Франција, а за оваа тапенада користиме маслинки и копар, како одлична комбинација со рибата.

    Состојки

    • 2 свежи филети
    • маслинки
    • копар
    • магдонос
    • 1 лимон
    • 1 мала главица црвен кромид
    • една рака Чери домати
    • сол и бибер
    • маслиново масло

    Подготовка

    Чекор 1: Ставете ги двете филети на чинија и убаво посолете ги. Овој процес е исклучително важен, затоа што го извлекува вишокот вода и ги прави рибите поцврсти. Оставете ги така 30 минути претходно...

    Чекор 2: Земете ги маслинките и извадете ги семките – не се грижете дали ќе изгледаат убаво, затоа што покасно ќе ги ставиме во блендер.
    Кога ќе завршите, ставете ги во длабок сад и додадете ги копарот и магдоносот.
    Исто така додадете и сок од еден лимон, сол, бибер и маслиново масло.

    Чекор 3: Време е за блендер: Блендајте ја смесата додека текстурата која е погруба од песто се претвори во текстура на салса.

    Чекор 4: Подгответе ги рибите во тава и со лажица премачкајте ги филетите со тапенадата. Не грижете се за начинот на кој ќе ги прекриете, но треба да знаете дека прекривањето со доволна количина ќе им додаде вкус.
    Потоа додадете го црвениот кромид исечкан на ленти.
    Ставете и Чери домати врз рибата – 3 до 4 по човек ќе бидат доволни. Сега сме подготвени за рерна. Исто така ставивме гранче рузмарин, за повеќе вкус.

    Чекор 5: Ставете ја рибата во рерна загреана на 150 степени и оставете ја да се пече од 15 до 18 минути и потоа извадете ја...

    Чекор 6: Земете една од филетите со прелив и поставете ја на чинија – сервираме со компири печени со лимон, како и свеж лимон. Добар апетит.

    СОВЕТ: Ова јадење можете да го приготвите со која било бела риба или дури и лосос, а е толку едноставен и здрав. Маслиновота тапенада е уште еден рецепт што може да се приготви однапред, а може да се користи и за брускети или со пилешко.

    Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Ростер