Видео рецепт: Цела печена риба со азиски вкусови
Ова е многу едноставен но неверојатно вкусен начин на печење риба. Ќе ставиме повеќе азиски вкусови и ќе ја печеме покриена со фолија. Пареата која ќе се создаде при процесот на подготовка ќе ја зготви рибата и ќе им помогне на различните вкусови да кружат.
Состојки
- 2 цели бели риби
- 1 Лимон
- 1 главица црвен кромид
- 1 стапче свеж ѓумбир
- 2-3 млади кромитчиња
- 3 големи листови зелена зелка
- Една рака магдонос
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: Време е за сецкање: Излупете го и исечкајте го свежиот ѓумбир. Исечкајте го тенко. Следни исечкајте ги младите кромитчиња да бидат растресити. На крај исечкајте го црвениот кромид на кругови.
Чекор 2: Време е да ја приготвиме рибата. Земете ја Делимано тавата за рерна и во неа како основа ставете ги листовите зелена зелка. Следни ставете ги двете свежи риби. Тие треба прво да се излупат и исчистат. И спремни сме за подготовка на рибата за печење.
Засечете ги рибите однадвор. Во засеците ставете ги парчињата ѓумбир. Покријте ги рибите со младо кромитче и црвен кромид.
Додадете и магдонос и парчиња лимон, ставајќи дел од состојките во самата риба.
На крај ставете маслоново масло и соја сос. Овде нема потреба да додавате сол бидејќи соја сосот е природно многу солен.
Чекор 3: Покријте ја рибата со фолија и ставете ја во рерна на температура од 150 степени 20 минути. Кога ќе биде готова извадете ја од рерната и оставете ја да отстои пред да ја извадите фолијата.
Чекор 4: Време е за сервирање: Едноставно земете парче од рибата и ставете ја во чинија. Ставете и доста од другите состојки. За да го задржиме азискиот дух на јадењето, го сервираме со превкусни нудлси со јајца.
СОВЕТ: Убавината на готвењето риба на овој начин е во тоа што можете само да ја расчепкате со нож и вилушка и месото лесно се одвојува од коските. Овие едноставни вкусови се лесно достапни и многу традиционални за азиската храна. Овде оди и ориз како замена за нудлсите.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Ростер