Испечати

Видео рецепт: Полнети модри патлиџани со наут

Видео рецепт: Полнети модри патлиџани со наут

Модрите патлиџани се многу популарен зеленчук кој многу се користи ширум Медитеранот и постојат буквално стотици рецепти за со нив да направите нешто вкусно. Овде ги полниме со наут.

Состојки

  • 2 дебели модри патлиџани
  • 350 грама наут (сварен еднаш)
  • 1 конзерва сечкани домати
  • 1 голема главица кромид
  • 1 супена лажица кумин
  • Сечкан магдонос
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: За почеток ќе почнеме да ги длабиме модрите патлиџани. Засечете линија на лушпите од надворешната страна на патлиџаните. И потоа расечете ја внатрешноста… Внимателно вадете парчиња одвнатре. Овде не сакаме да ја пробиеме кората и истовремено да направиме убава шуплина за филот. Немојте да го фрлате месестиот дел затоа што подоцна ќе го искористиме за полнењето!

Чекор 2: Лушпите зачинете ги со сол, бибер и маслиново масло и ставете ги во рерна на 150 степени 20 минути.

Чекор 3: Време е за сецкање: Исечкајте го месестиот дел од патлижаните на мали парченца.

Следен исечкајте го кромидот. Овде можете да ставите бел или црвен кромид. Па дури и млад кромид.

На крај, исечкајте го магдоносот за гарнирање.

Чекор 4: Во тава ставете ги маслиновото масло, месестиот дел од патлиџаните и кромидот додека таа се загрева. Пропржете ги додека не почнат да добиваат боја. ставете зачини и кумин и измешајте.

Уфрлете го и наутот… Тој треба да отстои во вода преку ноќ и потоа да биде варен 1 час пред употребата.

Следни ќе ги ставиме сечканите домати. Тие ќе му дадат сладок овошен вкус и боја на јадењето.

Крчкајте ги сите состојки додека да се спојат и да испари дел од вишокот течност.

Чекор 5: Извадете ги лушпите од модрите патлиџани од рерна… Секоја од нив наполнете ја со обилна количина од смесата со наут. И потоа вратете ги во рерна на иста температура уште 20 минути.

Извадете ги од рерна и спремни сме за сервирање.

Чекор 6: Едноставно ставете една од лушпите во чинија со сечкан магдонос како гарнир. И спремни сте за ручек!

СОВЕТ: Има премногу финеси и поинакви идеи за овој вид рецепт. Можете да ги сервирате со ориз, кус кус, леќа. Наутот убаво оди со ова јадење и заедно со куминот му дава блискоисточен вкус!

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Ростер
Тава за пржењеРостер