Универзално тесто за лиснати кифли и кроасани
Состојки
- 1 кгр. брашно
- 40 гр. свеж квасец
- 250 мл. кисело млеко
- 250 мл. пресно млеко
- 4 лажици шекер (за слатко тесто) или 2 лажици - за солено тесто
- 1 лажичка сол - за слатко тесто, или 2 лажички - за солено тесто.
- 2 јајца
- 4 лажици зејтин
- 200 гр. маргарин
Подготовка
1. Во поголем сад се става млако пресното млеко, киселото млеко, квасецот, јајцата , зејтинот солта и шеќерот и се меша да се сите состојки спојат, по што се додава брашното. Добро го измесете тестото и веднаш го делите на 3-три еднакви дела, Секоја 1/3 од тестото поделете ја на 6 -шест еднакви дела. Значи добиете вкупно 18 дела.
2. Секој дел измесете го и извалкајте го во форма на топче и налегнете или со сукалка оформете кора во големина на мал тањир.
3. Се топи маргаринот.
4. Премачкајте 5 кори со маргаирнот, а шестата кора не се мачка.
5. Значи така на три места по 6 кори и пак добиете три дела од тесто.
6. Секоја една кора сега сукајте ја во дебелина на еден прст. Се сече кората на 4 па повторно на 4 така да добиете вкупно 16 триаголници .
7. На секој добиен триаголник ставете од вас избран фил - зависно дали сте замесиле слатко или солено тесто и замотајте ги, а притоа и истегнувајте ги влечејки го тестото кога го мотата накај себе, така уште повеќе се тегнат и полиснати стануваат.
8. Така постапете и со останатите две теста.
9. Откако сте ги замотале сите кроасани или кифлички.... зависно што сте замислиле да правите... оставете ги дури сега да стасуваат.
Веке сфативте, ова тесто се меси и веднаш се работи, не се чека да стасува, се додека не се веке готови кифлите или кроасаните.
Премачкајте ги со смеса која вие си ја сакате... јас лично во жолчката ставам малку зејтин заради повеке сјај.
Еве неколку предлога за премачкување на тесто
1. Премачкување тесто со сматено цело јајце се добива длабоко махагони изглед.
2. Со сматено цело јајце во кое се додава вода се добива жолто-смега боја.
3. Со сматена жолчка се добива лимон жолта боја.
4. Со сматена жолчка и вода се добива светло лимон боја.
5. Со малку склапана белка се добива многу висок сјај.
6. Премачкување со јогурт се добива мекост на самата кора од пецивото кое што сте го спремале.
Доколку правите кроасани, посипете ги со прав шеќер и ставете чоколаден прелив.
Сепак изборот е ваш.
За сега толку. Ако имам нешто за дополнување околу темава, ќе се вратам и ќе дополнам овде.
Уживајте драги пријателки,
Овој рецепт го имам добиено од една моја драга Тања која уште како дете заедно со мајка и ги прави перфектн, а така ми се и запишани - Тањини кроасани-
Со ваквиот рецепт можете да го замесите и да мотате кифли без да ги правите лиснати, одлично тесто е.