Американски палачинки (2 рецепти)
Состојки
- 2 јајца
- 1/2 мало лажиче сол
- 200 гр брашно или 2 КАПС (мерици)
- 2 јајца
- 1 пакетче прашок за пециво ( окулу 13 гр или две мали лажички)
- 250мл млеко или 2 КАПС (мерици)
- 4 големи лажици зејтин или две полни големи лажици маст
- За благо тесто
- 2-3 големи лажици шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
Подготовка
Овој рецепт го најдов пред една недела на интернет и го испробав ЧЕТИРИ ПАТИ до сега. Јасно е дека најпогоден ми бил, нели? =))
Неколку пати имам правено американски палачинки, но сите теста некако беа прегусти, претешки, за разлика од овој кој најмногу ми се допадна, лесен, пуфкав и без некои комплицирани состојки и зачини во него.
Јајцата убаво се матат да се згуснат, па се додаваат останатите состојки и на крај се додава брашното. Се добива убава густа смеса. Тестото е многу неутрално на вкус, па ако ги спремате палачинките само за да ги послужите благи, додадете ги состојките за благо тесто (шеќер и ванилин шеќер) додека се матата јајцата за убаво да се растопат.
Се зема помала црпалка (кутлача) или се полни голема само до одредена мера и се сипа на загреано тавче. Јас си го користам ДЕЛИМАНО ТАВЧЕ ЗА ПАЛАЧИНКИ и гајле си немам. Бидејки ги правам помали палачинките, можам да спремам по две во исто време на тавчето. Како црпалка користев една од мериците на фотографиите(таа што недостасува де) за сите палачинки да бидат иста големина.
Се редат една врз друга и над секоја палачинка се става фил по желба. Редев по 4 палачинки. Доволно е за еден оброк.
Првите два пати имав уште од КАРАМЕЛ КРЕМОТ на Љиља и се зборавивме од јадење. Не беше хумано колку беше добро.
Последниот пат (дополнителни фотографии) ги направивме со НАШЕ ДОМАШНО ИНТЕГРАЛНО БРАШНО МЕЛЕНО НА ВОДЕНИЦА СО КАМЕН (ова беше само колку да се пофалам каква убавиЊа имам по дома) =))
Бидејки рецептот беше на англиски мерите беа во ЦУПС (латиница треба да биде, нели), ги премерив на вага и во шишето на младунче за течност, па ги пишав во случај некој да ги нема мериците (во дополнителни фотографии).
Е сега на кратко само ќе го пишам и второт рецепт за да нема 100 рецепти за американски палачинки на МоиРецепти, а еднаш и ветив на Клара дека ќе го пишам овој рецепт
3 КАПС брашно (1 КАП= 100гр)
7 мали лажички пециво
2 мали лажички сол
2 големи лажици шеќер
2 1/2 КАПС млеко (1 КАП =125мл)
2 јајца
6 големи лажици стопен путер
1 мало лажиче цимет
1/4 спрајт
1 ванилин шеќер
Овие палачинки со спрајт имаат многу интересен шмек, ама јас никогаш немам спрајт дома, па ретко ги правам. Ви го напишав рецетот бидејки е добар.