Испечати

Пилешки стек со компири и топчиња од соја

Пилешки стек со компири и топчиња од соја

Состојки

  • 450 грама пилешки стек од саламура
  • 100 грама топчиња од соја
  • 7 поситни компири
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица зејтин
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка вегета
  • 100 мл вода
  • 1 лажичка ким

Подготовка

Најпрвин го сечеме стекот на колку парчиња ни одговара,и ги премачкуваме со сенф од двете страни.Компирите и кромидот ги сецкаме на кругчиња.Топчињата соја ги вариме 15 до 20 минути со сол и вегета додека да омекнат.Ги цедиме во цедилка. Диеталниот сад го загреваме.и го додаваме зејтинот . Спремените намирници ги ставаме во диеталниот сад ,посолуваме, додаваме од зачините.Полеваме со водата.Повремено промешуваме.Ми беа потребни околу 40 минути, на послаба температура уклучен шпоретот и ручекот беше готов. Пријатен ручек.