Испечати

Салата од пилешко и макарони

Салата од пилешко и макарони

Состојки

  • 300 гр. пилешко месо
  • 150 гр. моркови
  • 150 гр. грашок
  • 150 гр. пченка
  • 100 гр. кашкавал
  • 150 гр. макарони поситни
  • За прелив
  • 400 мл. кисела павлака
  • 1 лажица сенф
  • малку сол

Подготовка

1. Пилешкото месо се вари и се сечка на коцки.
2. Морковот се сече на коцки и се вари заедно со грашокот и пченката во малку солена вода.
3. На пилешкото му се додава исцедениот и оладен зеленчук, изренданиот кашкавал, сварените и оладени макарони и се заедно се измешува.
4. Во сад се ставаат киселата павлака, сенфот и малку сол се промешува се прелива врз салатата и се заедно се соединува.