Испечати

Салата рижото

Салата рижото

Состојки

  • 300 грама ориз
  • 50 грама шунка
  • 50 грама кашкавал
  • 50грама кисели краставички
  • 50 грама кисели моркови
  • 50 грама шампињони
  • 50 грама грашок
  • 50 грама маслинки
  • 50 грама кисели пиперки
  • 50 грама сецкана туна
  • 1 лажица мајонез
  • 250 грама мешан зеленчук
  • За прелив или премачкување
  • 250 мл кисела павлака
  • 1 лажица мајонез

Подготовка

Најпрвин го вариме оризот и кога ке ни биде сварен го ставаме во цедилка и го миеме со студена вода како кога правиме шпагети. Внимаваме при варењето зрната ориз да ни бидат цели. Припремените состојки ги сецкаме ситно. Во замена на некои состојки јас додадов мешан зеленчук од фриком.
Да нагласам ако ги немате сите состојки, како што беше и во мојот случај не мора да ставите од се. Ги ставаме припремените намирници додаваме малку зејтин, сол по вкус и мајонезот. Добро ја промешуваме салатата и декорираме како што сакаме . Го мешаме мајонезот и павлаката,и премачкуваме одозгора . Овој рецепт ми е пак од мојата роднина Снежана, ѝ благодарам и од овде.
Салатата му се допадна на моето семејство ,а ви ја препорачувам и на вас. Добар апетит.