Испечати

Палачинки Огнен бакнеж

Палачинки Огнен бакнеж

Состојки

  • за палачинките
  • 4 јајца
  • 400 мл млеко
  • 400 мл кисела вода
  • 4 лаж масло
  • 400 гр брашно
  • фил
  • 2 пудинга од ванила
  • 500 мл млеко
  • 6 лаж шекер
  • 2 ванили
  • 50 гр крупно сецкани бадеми

Подготовка

Дојде редот да го пробаме тавчето Делимано од кое сум воодушевена!

Одбрав еден едноставен рецепт, а вкусен.
За тестото:
се матат јајцата со миксер, се додава млекото, киселата вода, маслото, брашното и солта. Се остава смесата околу пола час да одмори, па се пржат палачинките на загреано тавче.
За филот:
Пудингот се вари со шеќерот и ванилата. Се зема една палачинка се става на чинија и на едната половина се премачкува од пудингот, се преклопува и се свиткува како триаголник. Одозгора се става од мармаладот од јагоди и се посипува со бадемите кои се претходно потпечени и крупно сецкани, па на крај се зема прибор за јадење и во акција мммммм........