Салата со маринирани тиквички
Состојки
- 400 гр. тиквички
- За маринада
- 100 мл. маслинов зејтин
- 100 мл. сончогледов зејтин
- 250 мл. оцет - Ацето Блазамико- aceto balsamico)
- 2 чешниња лук
- 4-5 листа жалфија
- 1 лажица рузмарин
- одокато магданос или босилок,
- по ваш вкус сол и црн пипер во зрна
Подготовка
1. Измиени тиквичките се сечат на кругови, се посолуваат и се оставаат 10 минути за да ја пуштат течноста. Се редат на салвета да се впие течноста.
2. Во тава послана со хартија за печење се редат тиквичките и се печат.
3. Се прави маринадата мешајки ги сите состојки за неа.
4. Испечените тиквички залејте ги со маринадата, измешајте ги.
Оставете ги да се изладат и уживајте во оваа прекрасна салата од маринирани тиквички.
Јас секогаш спремам количински повеке, соберам во тегла која предходно ја загреам, добро затворам, па стои во фрижидер неколку време - така да имам повеќе време од оваа салата без стално да ја приготвувам.
Можете да ги испечете и на скара тиквичките кои исто така даваат прекрасен резултат и совршено одгова со скарата.
Со оваа салата секој ке биде задоволен доколку ги обожава тиквичките, тоа е единствениот услов.
Уживајте!!!