Испечати

Камбоџанска салата

Камбоџанска салата

Состојки

  • 2 марули
  • 2-3 патлиџани
  • 1 глава црвен или бел кромид
  • 700-800 гр. телешка кртина
  • 2-3 чешниња лук
  • по ваш вкус бибер, сол, зејтин
  • 5-6 лажици сос од остриги ( Oyster ` )

Подготовка

1. Во загрејан зејтин за кратко пропржете го лукот и веднаш додадете го исеченото месо на тенки лентички (жулиен), осолето го по ваш вкус и динстајте го во сопствениот сафт се додека омекне.
2. Кога веќе месото е омекнато, додадете го биберот и сосот од остриги и малку вода. Оставете го на тивко да крчка околу 15-20 мин, се додека се згусти повторно сосот.
3. На тањирот кој сте го избрале за сервирање, поставете ги листовите од марула, врз нив исецкана марула, потоа го ставате исечениот кромид, врз кромидот исечениот на плошки патлиџан, а врз патлиџанот поставете го месото. Сето ова залијте го со сосот додека е топол.

НАПОМЕНА

Сосот од остриги може да се замени со соја сос во кој се ддава малку густин и вода, не дава исти резултат, но би рекла дека сепак совршено одговара на оваа салата.
За мене лично оваа салата е комплетен оброк.
Еве линк за сосот-

http://sl.wikipedia.org/wiki/Omaka_iz_ostrig