Таратор
Состојки
- 1 краставица
- 250 мл. кисело млеко
- 2-3 лукчиња
Подготовка
Има ли нешто повкусно од нашата позната македонска салатичка-таратор. Прекрасна и освежетелна за овие летни, топли денови.
Краставицата супер ситно насецкајте ја.
Лукчето истолчајте го со малку сол, па додадете ја краставицата и киселото млеко и се убаво соедините.
Додадете ги насецканите ореви (ова е опционо, ако сакате), сол ако мислите дека ви треба (јас додавам малку вегетичка го сакам тој шмек) и накапете со маслиново масло
Убаво изладете пред сервирање
Декорирајте со насецкан свеж магдонос.