Испечати

Татлија

Татлија

Состојки

  • 500 грама пиво
  • 350гр масло
  • 150гр гриз
  • 2лаж шеќер
  • во прсти сол
  • 1 пециво
  • 100 гр сецкани ореви
  • по потреба брашно ( околу 800гр)
  • шербет
  • 700гр шеќер
  • 600гр вода

Подготовка

Во сад се додава пивото, маслото, шеќерот, сол, гризот се додава брашното, оревите и пецивото. Се меси колачот. Брашното се додава по потреба, но се внимава тестото да не е тврдо. Се расплескува во намрсено тавче број 32 се сече и се пече во загреана релна на 200 степени.

Од шеќерот и водата се вари шербет и се полева оладената татлија со врел шербет.