Испечати

Посен колач

Посен колач

Состојки

  • 15лажици шекер
  • 15лажици вода
  • 15лажици брашно
  • 1 пакетче гриз(1чаша)
  • 6 рендани јаболка
  • 100гр суво грозје
  • 1 чаша мелени ореви
  • 1/2 чаша сечкани ореви
  • 1 лајче сода бикарбона
  • 1 пециво
  • кора од портокал(аранчини)
  • Шербет*
  • 300гр шекер
  • 300мл вода

Подготовка

Прво тавата длабока се посипува со сечкани ореви.
На страна се мешаат сите состојки со лажица и стои 60 минути(1ч) за да пуштат сок јаболките.
Се истура врз сечканите ореви во тепсијата и се печи на тивко 40мин. Се лади. Се попарува со шербет.

Шербет*
300гр шекер и 300мл вода се зоврива се додава ванила и се попарува врз колачот.
Се остава да впие шербетот и се оладува. Пријатно!