Дип за салата од цвекло
Состојки
- Дип - сос
- 200 гр. кисела павлака
- 1 лажица сенф (слободно извршете замена - наместо сенф - ставете мајонез)
- 1 варено јајце
- 1-2 чениња лук (зависи од големината)
- по малку сол,мелен бибер,сецкан магданос и малку зејтин
- 500 гр. цвекло маринирано
Подготовка
1. Измешајте во садот павлаката, сенфот, солта.
2. Изрендајте го вареното јајце, додадете во добиената смеса од павлаката, по што ќе ги додадете по ваш вкус зачините - рендан лук, сецкан магданос, црниот бибер и додадете малку зејтин. Целото ова измешајте го да добиете хомогена смеса.
3. 500 гр. маринирано цвекло нарендајте го на крупната страна од рендето и додадете во предходната смеса. Измешајте.
Ќе добиете превкусна салатичка која е добар прилог за печења, а и не само за печење, едноставно е добра за секаква пригода и прилика. Самостојно да ја консумирте не смета ништо. Напротив, одлична е.
Не секој сака да консумира сенф... тогаш слободно заменете со лажица мајонез, но притоа не додавајте зејтин.
Оваа салата дозволува да нарендате и јаболка, па целото тоа да го измешате..неверојатен спој на вкусови.
Лично на мене ми се допага добро оладена.