Тробоен куглоф
Состојки
- кафен дел
- 3 жолчки
- 3 лаж шекер
- 1 ванила
- 3 лаж брашно
- 1 лаж кокос
- пола пециво
- 3 лаж млеко
- пола лаж какао
- жолт дел
- 3 лаж шекер
- 3 лаж брашно
- 1 лаж кокос
- пола пециво
- 3 лаж млеко
- бел дел
- 6 белки
- 6 лаж шекер
- 100 гр сецкани ореви
- 50 гр сецкано бело чоколадо
- 50 гр сецкано црно чоколадо
- 6 лаж брашно
- 6 лаж масло
- 100 гр чоколадо за глазура
Подготовка
За кафениот дел:
се матат жолчките со шеќерот, па се додаваат останатите состојки. Смесата се истура во калап за куглоф и се става да се пече 10 минути на 200 степени.
Во меѓувреме се прави жолтата смеса исто како кафената само без какаото. Се истура врз кафената смеса во калапот и пак се враќа во рерна да се пече.
Белките се матат со шеќерот, се додаваат горенаведените состојки и оваа смеса се истура врз жолтата во калапот, се врака во рерна да се допече уште 20 минути. Испечениот куглоф се прелева со глазура и се декорира по желба.