Роловано свинско месо со сос
Состојки
- 5-6 парчиња свинско месо средна големина
- 3-4 лазици сенф
- 5-6 парчиња сланина
- неколку (по зелба) кисели краставички
- 1-2 црвени пиперки
- 100 гр рендан кашкавал
- зачини сол, бибер, масло
Подготовка
Секое парче свинско месо го потчукнуваме го зачинуваме со малку сол и бибер. Во меѓувреме ги сецкаме киселите краставици и пиперките на ситни коцки. Секое парче месо го премачкуваме со сенф, врз сенфот редиме парче сланина, врз сланината ставаме од ренданиот кашкавал и од сецканите кисели краставици и пиперки. Го роловаме, и потоа го прицврстуваме со чепкалици.
Во тава ставаме масло да се загрее на висока температура, кога е добро загреано ги пржиме ролованите меса од сите страни кратко (по еднаш од секоја страна) и ги ставаме во приготвен сос (јас користев готов сос) кој е веке загреан. Додаваме зачини,тимјан,ловоров лист. Со покриен капак вариме околу еден и пол час на тивок оган. Послужуваме со варена кисела зелка или варени компири. Декорација со базиликум.
Еве доколку сакате наместо готов, домашен приготвен сос.
Потребно е 1/4 л суво црвено вино, голема лажица брашно, неколку моркови, кромид и околу 1/2 л вода. Кромидот и морковите покрупно исечкајте ги, пропржете ги во загреано масло, додате лажица брашно и кратко пржете(додека се добие златна боја), додате ги ролованите меса,тимјан, ловоров лист, виното и водата. Покријте и варете еден и пол час на тивок оган. Добар апетит !!