Испечати

Тегнати пити со квасец полнети со спанаќ и урда

Тегнати пити со квасец полнети со спанаќ и урда

Состојки

  • 1.2 кг. брашно
  • 300 мл. млака вода
  • 350 мл. млако млеко
  • 100 мл. масло
  • 1 лаж. шеќер
  • 2 лажички сув квасец
  • 2 лажички сол
  • Полнење
  • 1 кг. спанаќ
  • 500 гр. урда (рикота)
  • 1 јајце

Подготовка

Во топлото млеко додадете го квасецот, шеќерот и 1 лаж.брашно и оставете да запени.
Додадете ги останатите состојки и замесете мазно тесто.
Премачкајте го со масло и оставете да надојде.
Поделете го надојденото тесто на 15 дела и секој ден расукајте го во величина на тањир, премачкајте нежно со масло и оставете вака да се одмори 30 мин.
Секој дел прво со рацете малку растегнете го (види слика),па после убаво растегнете го.
Попрскајте со фил и завиткајте во питичка.
Ставете ги на подмачкан плех и оставете ги 10 мин.
Попрскајте со малку масленце и ставете ги во рерна која сега ја уклучувате на 200 степени и оставете да се печат додека поруменат.
Врели попрскајте ги нежно со малку водичка и покријте со чиста крпа да омекнат малку.

Фил.
На малку масло пропржете го исчистениот спанаќ додека омекне, па откако ќе се олади додадете ја урдата и јајцето (и сол ако е урдата несолена).