Лимон колач
Состојки
- 6 јајца
- 2 чаши шеќер
- 1 лажица сок од лимон
- 1 чаша зејтин
- 1 пакетче пециво
- 2 чаши брашно
- прелив
- 1 и 1/2 чаша шеќер
- 1 и 1/2 чаша вода
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 2 лажици какао
- 30гр маргарин
Подготовка
6 јајца се уработуваат со 2 чаши шеќер ( чашата е од 200мл ).Се додава 1 лажица сок од лимон и кора(рендана на ситна страна на рендето) од 1 лимон, 1 чаша зејтин, 1 пециво и 2 чаши брашно, целата смеса добро се меша и се истура во подмачкан плех бр.30 и се пече на 200-220 степени, зависи од шпоретот. Кога убаво се излади тортата се сече на саканите парчиња - коцки или баклави и се спрема прелив.
За преливот е потребно 1 1/2 часа шеќер, 1 1/2(една ипол )чаша вода, 1 пакетче ванила, 2 лажици какао и малку маргарин( околу 1/8 од еден маргарин). Се заедно се меша да проврие, се остава да врие 5 мин и после се пари тортата( ладна торта - врел прелив) и одозгоре се става по желба - кокос, ореви, лешници, а може и без ништо зависи од вкусот.