Испечати

Шарен овошен колач

Шарен овошен колач

Состојки

  • За кора од белките
  • 7 белки
  • 200 гр. шекер
  • 2 лажици брашно
  • 4 лажици густин (нишесте)
  • 1 кафена лажичка пециво
  • 2 лажици оцет
  • За жолтата кора
  • 7 жолчки
  • 2 јајца
  • 150 гр. шекер
  • 2 лажици зејтин
  • 130 гр. брашно
  • 1 кафена лажичка пециво
  • 1 лажица оцет
  • ФИЛ
  • 1 конзерва компот од праски
  • 1 пудинг од ванила
  • 125 гр. маргарин
  • 10 гр. желатин
  • 3 лажици шекер
  • За посипување
  • малку мелено кафе или какао или чоколада во прав

Подготовка

Рецептот и го посветувам на нашата пријателка Диане која со нетрпение го чека рецептот,
Јас сум препознатлива по шаренилцата... ова е другар на Шарената Раванија... се надевам дека ќе ви се допадне...

1. Се матат белките со шекерот, се додава густинот и брашното. Пецивото се гасни во оцетот и се додава. Се брка.
2. Во плекче големина од 20х35 см. се обложува со пек-хартија, па со лажица се црпи од смесата и се реди во плекчето. Се посипува врз смесата од посипот кој сте го избрале вие.
3. Се матат жолчките со двете цели јајца и шекерот, се додава брашното - се брка и се додава угаснатото пециво во оцетот.
4. Врз белката истурете ја смесата од жолчките.
5. Се пече на 170 степени околу 30 мин.
6. Да олади кората и се сече на половина по хоризонтала.
ФИЛ
Се цедат праските и се сецкат. Во течноста се додава вода за да целото заедно прави 1/2 л. Се вари пудингот со 3 лажици шекер. Се трга и во топло се додава 125 гр.маргарин. Се остава да малку подолади, се додава припреманиот по упатството на самата кеса - желатин. Се брка додека се стопи. Се остава уште да олади, па се додаваат праските. Се меша.
Вака спреманиот фил се налева на првата кора, одозгора се става втората кора.
Се става во фрижидер најмалку 2 часа за да се стегни филот. Се посипува со прав шекер.
НАПОМЕНА- Ова е оригиналниот рецепт. Јас корите ги правам по истиот рецепт кој што е сличен како рецептот на Шарената раванија која ја имам поставено овде, а филот го правам варејки го пудингот во 1/2 л. млеко... насецкам свежо овошје - нормално зависно од сезоната, (во колачот кој што го гледате ставив 1 праска и неколку кајсии- ова од типот снајди се.

Следниот пат овој колач ке го правам на начин како ја што го распоредувам, тестото од Шарената раванија или... прво малку од жолатата смеса, па посип, потоа наредена со лажица белата смеса, пак од посипот и одозгора останатата жолта смеса.