Ролнички со урда и мартадела
Состојки
- 1 -кг. брашно
- 250 мл. млака вода
- 200 мл. млако млеко
- 1 лажица сув квасец
- 2 лажици кисело млеко
- 2 јајца
- 100 мл масло
- 2 лажици стопен маргарин
- 1 лажица шеќер
- 2 лажички сол
- За полнење
- 200 гр. урда
- 2 белки
- 100 гр. мартадела
- 100 гр. чајна колбасица
- Пемаз
- 2 жолчки
Подготовка
Квасецот промешајте го со 1 лаж. брашно и 1 лаж. шеќер, полиjте го со 100 мл. млака вода и оставете го да надојде
Брашното промешајте го со солта, па додадете ги сите останати состојки и замесете мазно тесто.
Премачкајте го со малку масло, покриjте и оставете да се дуплира во волумен.
Поделете го тестото на 2 дела и секој расукајте го четвртасто, дебелина половина на малиот прст.
Премачкајте многу тенко со маргарин,па нанесете пола од урдата во која сте ги додале белките, па поредете од мартаделата и чајната колбасица (види слика).
Завиткајте во ролат и сечете ролнички во цик-цак(види слика).
Поредете во подмачкан плех и оставете да надојдат.
Секоја ролничка намачкајте ја со изматена жолчка, ставете мало парченце маргарин и посипете со крупна сол.
Печете на 180 степени додека поруменат.