Испечати

Англиска пита со месо

Англиска пита со месо

Состојки

  • 500 гр готово лиснато тесто
  • За фил
  • 400 гр компири
  • 2 - 3 лажици млеко
  • 50 гр путер
  • 400 гр мелено месо
  • 1 лажица масло
  • 2 главици кромид
  • 2 чешнина лук
  • 1 поголем домат
  • 1 лажица пире од домати
  • 1/2 коцка за говедска супа
  • 1 лажичка шекер
  • 1 филџанче вода
  • по вкус сол, бибер
  • 1 лажица Ворчестер сос
  • За премачкување
  • 1 јајце

Подготовка

Компирите се лупат, се сечат на покрупни коцки и се варат. Се цедат од водата, се додава млекото и путерот и се пасираат, но не како за пире, да има и малку парченца. Се оставаат на страна.
Во тава се загрева маслото и на среден оган се пржи ситно исецканиот кромид и протиснатиот лук. Кога ќе омекни и добие малку боја, се додава меленото месо и се пржи мешајки, месото да се раздроби, да добие боја и биде скоро готово. Се додава излупениот и ситно исецкан домат, се пропржува. Потоа се додаваат доматното пире, коцката за супа, сол и бибер по вкус, шеќерот за да се неутрализира киселоста на доматот и водата. Се остава да се динста отворено, повремено мешајки додека не испари скоро цела течност, но не да е многу суво. Се трга од оган, се додава Ворчестер сосот или соја сос во замена, се промешува, се дотерува вкусот. Се помешува со компирот и се остава да се олади.

Рерната се загрева на 220 Ц.
На округла тава за печење бр.24 или 26 се става хартија за печење. Или се става хартија на калап за големи мафини, во секој од отворите. За полесно да ја обликувате хартијата спрема калапот, наводенете ја, добро исцедете ја и оближете го калапот. Така наводенета нема ни да гори во печењето.
Готовото лиснато тесто поделете го на два нееднакви дела, 2/3 со 1/3.
Поголемиот дел расукајте го тенко, и ставете го на дното на калапот, издигнато да ги покрије и рабовите. Или поделете го на 6 дела и секој ставете го во по еден отвор од калапот за мафини.
Ставете го филот.
Од останатото тесто расукајте кора за одозгора, залепете ги рабовите со разматено јаце. Одозгора премачкајте со јајце повторно, исечете отвори за да излегува пареата, или горната кора исечете ја со украсен ваљак.
Печете во загреана рерна да стани убаво румено и крцкаво.
Малку да подолади и послужете.
Питите на сликата се правени во поединечни калапчина. Мене така ми е поубаво, зошто секој си има свое парче, а и филот не се растура, а вие како сакате :)