Испечати

Брзи ѓевречиња

Брзи ѓевречиња

Состојки

  • 3 1/2 шољи интегрално брашно
  • 4 лажички сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 50 гр. маргарин(собна темература)
  • 1 шоља млака вода

Подготовка

Ниско калорични лебчиња
Квасецот замесете го со шеќерот, 1 лаж.брасно и малку вода и оставете го да надојде.
Додадете ги останатите состојки и замесете мазно тесто.
Премачкајте со масло и оставете го покриено да надојде.
Рерната загрејте ја на 200 степени
Поделете го тестото на 8 дела и од секој дел направете ѓеврече.
Ставете ги во подмачкан плех, премачкајте со малку млеко и посипете со сусам или крупна сол, афион или сув кромид по ваша желба.
Нека одморат 10 мин. па печете ги околу 25 мин или додека поруменат.
Ова е оригиналниот рецепт од книга за диети. Моите гевречиња се спремени со бело брашно и ми беше потребно уште околу 75 мл. млака вода.