Кифлички
Состојки
- 1 свеж квасец
- 200 мл млака вода
- 200 мл млако млеко
- 150 мл масло
- 1/2 лажица шеќер
- 1 лажица сол
- 1 кг брашно
- 250 гр маргарин (за премачкување)
- 1 јајце за премачкување одозгора, сусам
Подготовка
Ставете го квасецот, водата, шеќерот и 2-3 лажици брашно да се активира.
Потоа ставете ги другите состојки и измесете меко тесто кое нема да се лепи. Оставете го на топло околу 1 сат, да се дуплира.
Тестото поделете го на два дела, маргаринот исто така. Од секој дел тесто расучете кора колку потанко што можете.
Премачкајте ја кората со пола маргарин и исечете ја на десетина парчиња со тоа што засеците нема да бидат до средината (види слика, треба да изгледа како цвет). Овој начин се вика катмер, на турски мислам дека е каранфил. На сликата преку маргаринот имам посоп од нишесте (ја искористив од правењето на зелник) ама за кифлиња нема потреба.
Сега секое парче префрлете го на средината. Истото направете го и со другиот дел од тестото и оставете ги нека се одморат петнаесетина мин.
Секој дел расучете го што потанко можете и исечете го на 16 парчиња. Филувајте по желба. (Ако сакате помали кифлиња, исечете го на 24)
Одозгора премачкајте ги со јајце, наросете ги со сусам и оставете ги половина час да се одморат.
Печете ги кифлињата на 200 ц.