Испечати

Индијанки со пудинг и маргарин

Индијанки со пудинг и маргарин

Состојки

  • 4 јајца
  • 150 гр. шеќер
  • 200 гр. брашно
  • 1 пециво
  • 2 пудинга од ванила
  • 600 мл. млеко
  • 150 гр. маргарин
  • 3 лаж. шеќер

Подготовка

Белките изматете ги со шеќерот во цврст снег,па додадете ги жолчките една по една постојано мешајки...на крај додадете го брашното промешано со пецивото и со лажица нежно соедините..
Истиснете ги индијанките со кеса на која сте ја отсекле ивицата и печете 5 мин. на 200 степени..(рерната никако не ја отварајте)
Фил.
Пудингот припремете го со 600 мл. млеко и оставете да се излади..
Во ладниот пудинг додадете го изматениот маргарин со 3 лаж шеќер и ванила..
Лепете ги по 2 премачкани со фил и декорирајте со шприц