Малина, малина…
Состојки
- 1 и пол ролат со овошен фил
- 2-3 лажици инстант какао (несквик)
- 1 фил
- 600 мл млеко
- 8 лаж. шеќер
- 100 гр малини
- 125 гр маргарин
- 2 лаж. кисела павлака
- 4 целуфки
- 2 фил
- 150 мл слатка павлака
- 200 гр маскарпоне
- 150 гр малини
- 4-5 лаж. шеќер
- глазура
- 100 гр чоколадо
- 50 мл слатка павкала
- 2 пудинг од малина (за 1от фил)
Подготовка
Ролатот го сечиме на малку помали од сантиметар парчиња и со него ги обложуваме ѕидовите и подлогата на калап за торти со пречник од 21см на кој се вади страничниот дел.
Пудинзите се раствораат со 6 лажици од млекото, а останатото млеко во кое се додава шеќерот се вари и се меша со пудинг масата и се вари во густ пудинг. Во жешкиот пудинг се додаваат малините и маргаринот и се миксираат додека убаво не се изедначи. Во оладениот пудинг додаваме 2 лажици кисела павлака и 4 изронати целуфки и повторно кратко миксираме. Оваа смеса се истура врз подлогата од парчиња ролат. Се остава да стегни во фрижидер додека го подготвуваме 2 фил.
Павлаката цврсто ја матиме и потоа го додаваме маскарпонето, шеќерот и малините. Со миксерот уште еднаш се изедначуваат состојките.
Над филот со пудинг наросуваме од инстант какаото, над него премачкуваме овошен јогурт од шумско овошје (по желба) и на крај, филот со маскарпоне сирењето. Оставаме во фрижидер да се зацврсти тортата и потоа ја глазираме со чоколадото стопено на пареа во кое сме ја додале слатката павлака..
Украсете со малини и издробени целуфки.