Испечати

Видео рецепт: Гаспачо супа

Видео рецепт: Гаспачо супа

Состојки

    Гаспачо супата е студена и освежителна супа која се прави низ цела Шпанија… Можете да бидете сигурни дека рецептите се разликуваат од едно село до друго, но еве една едноставна верзија моја можете да ја направите за само неколку минути.

    Состојки

    • 3 домати
    • 1 зелена пиперка
    • Половина краставица
    • Половина земичка чиабата
    • 8 кафени лажички црвен вински оцет
    • 8 кафени лажички маслиново масло
    • Лук (по избор)
    • 500 милилитри вода
    • 2 варени јајца – како гарнир

    Подготовка

    Чекор 1: Време е за сецкање: Прво ќе го исечкаме сиот зеленчук на мали парчиња... Блендерот ќе го заврши потешкиот дел од работата подоцна…

    Прво сомелете ги доматите во блендер….Па половината краставица… И потоа зелената пиперка.

    На крај, земете го бајатиот леб... и исечкајте го на парчиња.

    Чекор 2: Ставете го зеленчукот во сад, а потоа ставете го и црвениот вински оцет... Маслиновото масло, и на крај водата…

    Земете го блендерот и блендирајте го зеленчукот додека сите состојки да станат течни, но потрудете се да добиете груба густа текстура…

    Чекор 3: Време е за сервирање: Едноставно сипете од супата во чинија и гарнирајте со варено јајце и неколку листови магдонос.

    СОВЕТ: Оваа супа е одлична кога се пие од чаша или се сервира во чинија… Црвениот вински оцет ја прави одлична закуска или предјадење во жешките летни денови, а бајатиот леб ѝ дава хранливост која ќе Ве засити подолго време…

    Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола
    Касерола