Испечати

Торта сладолед со ролати

Торта сладолед со ролати

Состојки

  • 2 големи ролати од ванила
  • 5 кесички сладолед од ванила
  • малку рум, млеко или овошен сок по желба
  • 50 гр чоколада за готвење

Подготовка

1. Најпрво длабоката чинија ја обложуваме со најлонска фолија и потоа ролатите ги сечеме на парчиња со дебелина од 1 см и ги ставаме во чинијата и тоа прво долниот дел па потоа страните со пополнување на сите празнини.
2. Ги подготвуваме кесичките сладолед и ги ставаме во ладилник само малку да се оладат.
3. Во меѓувреме ги премачкуваме парчињата ролат во чинијата со млеко или рум (правилно е ако е чоколадна да е со рум, ако е од ванила со млеко, а ако е овошна со сок).
4. Оладениот сладолед го додаваме во чинијата во средишниот дел и тортата ја ставаме во ладилник да се излади целосно т.е да се стврдни сладоледот.
5. Ја вадиме тортата од ладилник и ја отстрануваме од чинијата а потоа ја вадиме фолијата и одозгора рендаме чоколадо.
Добар апетит.