Колачи со ореви
Состојки
- 250гр Мек путер ( без сол)
- 50гр шеќер
- 250гр брашно
- 1 ванила
- 240гр ореви, ситно сечкани
- 200 мл шеќер во прав
- 1 ванила
Подготовка
1. Загрејте ја рерната на 180 ° Ц
2. Во голем сад со миксер се мати путерот со шеќерот околу 3-4 минути
3. Се додава брашно, а за мешање се користат вашите раце или дрвена лажица. Се комбинираат додека не се изедначи (5 минути). Се додава ванила екстракт, проследено со ореви и се меша додека не се изедначи.
4. Со мала лажичка се зема од смесата и со рака се праватмали топчиња. Се редат на хартија за печење и се оставам малку место помеѓу топчињата
5. Се печат за 40-45 мин, не многу да се кафеави.
Се меша шеќер во прав со ванила и кога ќе се оладат 5 мин, се валкаат во смесата.