Паштета од пилешки џигерчина
Состојки
- 250 гр свежи пилешки џигерчина
- 170 гр омекнат путер
- 2 лажици коњак
- 1 чешне лук
- 150 мл павлака за готвење со 20% м.м.
- по вкус сол, бибер
- 1 лажичка сува жалфија
- неколку ливчина ловор
Подготовка
Џигерчињата се чистат од жиличките.
Во едно помало тавче се загрева 40 гр путер и се пржат џигерчињата од сите страни, но да не се пресушат, да бидат сеуште малку розови во средината. Се вадат на страна. Во тавчето се додаваат двете лажици коњак и се загрева мешајки да се растопи тоа што се залепило за дното. Се истура врз џигерчината, се додава 100 гр омекнат путер и се блендира со рачен блендер да стане мазно. Се додава сол и бибер по вкус, протиснатото чешне лук, жалфијата и павлаката за готвење, па уште кратко се блендира да се измеша добро.
Се распоредува паштетата во мали теглички или во други погодни садови. Одозгора украсно по желба се ставаат по 1 - 2 ливчина ловор. Се топат преостанатите 30 гр путер и се прелева преку паштетата. Се остава во фрижидер да се стврдни.