Испечати

Макало од суви пиперки и компир

Макало од суви пиперки и компир

Состојки

  • 4-5 компири
  • 10 везени пиперки
  • 1 струк праз

Подготовка

Сварете ги компирите и везените пиперки.
Во аван истолчете 1/2 струк;е праз (белиот дел) со сол, па додајте ги лупените компири и пиперките и се убаво истолчете. Додадете од водата во која се вареа пиперките и на крај полејте го макалото со врело масло. Наместо праз може и 2 чешниња лукче и така е супер.