Макало од бело гравче
Состојки
- 300 гр. сварено бело гравче
- 4-5 пиперки
- малку лукче (по вкус, но не мора)
Подготовка
Лукчето истолчајте го со солца, па додадете ги излупените насецкани пиперки(по можност лути) и убаво истолчајте. Додадете го свареното гравче и малку од водичката и убаво соедините. Прелиjте со превриено зејтинче и посипете со исецкано магдоновче.