Испечати

Македонска погача

Македонска погача

Состојки

  • 3 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 150 мл масло
  • 150 гр сирење
  • 250 гр брашно
  • 1 прашак за печење (пециво)

Подготовка

Со помош на жица за матење пенасто изматете ги јајцата. Додадете го јогуртот, маслото, брашното измешано со прашакот за печење и по желба половина лажичка сол. Со жицата убаво измешајте ја смесата и на крај додадете го дробеното сирење и пак промашајте. Ќе добиете смеса погуста од онаа за палачинки.
Смесата излијте ја во подмачкана и набрашнета тава бр. 30, посипете ја со сусам и печете на 180-200 степени околу половина час.
Се служи топла со кисело млеко и сирење.
Јас уживав, уживајте и вие!