Испечати

Видео рецепт: Пица Маргарита со интегрално брашно

Видео рецепт: Пица Маргарита со интегрално брашно

Состојки

    Пица Маргарита е вистинска класична пица, но овде ви нудиме поинакво и здраво тесто за пица направено со интегрално брашно.

    Состојки

    • 250 грама темно брашно
    • 1 кафена лажичка квасец
    • Половина кафена лажичка сол
    • 125 милилитри топла вода
    • 2 супени лажици масло
    • + екстра бело брашно
    • 1 супена лажица доматно пире
    • 500 милилитри Доматен сос
    • 100 грама сирење за топење
    • 5-6 чери домати
    • Една рака листови босилек
    • 2 чешниња лук
    • Сол и бибер
    • Маслиново масло

    Подготовка

    Чекор 1: Пред да започнеме со подготовката на пицата за печење, треба да го направиме тестото. Ставете го квасецот заедно со 2 супени лажици маслиново масло во чаша со топла вода и оставете го 5 минути да се активира.

    Во меѓувреме, земете го темното брашно и во него ставете половина кафена лажичка сол… Направете дупка во средината од брашното, и кога ќе се спојат квасецот и течноста, сипете ги во брашното и почнете убаво да мешате.

    Кога ќе добиете хомогено тесто, ставете го на работна површина со малку брашно и месете го уште малку. Додавајте брашно додека да ја добиете потребната цврстина...

    Ставете го тестото во сад со брашно и покријте го да отстои 45 минути на топло место.

    Чекор 2: Сега ќе го направиме филот за пицата… Ставете го доматниот сос во тава заедно со сол, бибер и двете чешниња лук… Се обидуваме сосот да го оплемениме со вкусот на лукот. Ставете го и доматното пире за да го згуснете сосот и да му дадете дополнителен вкус… Оставете го да крчка неколку минути за вишокот течност да испари од сосот.

    Чекор 3: Навратете се на тестото… И покрај тоа што тестото од интегрално брашно нема да нарасне како тестото од бело брашно, ставете го на површина покриена со брашно… Овде ја користиме Делимано тавата за пица... Расукајте го тестото во форма на долгнавест правоаголник за да ја наполните тавата.

    Притиснете по рабовите... Покријте ја подлогата со доматниот сок, притоа вадејќи ги чешнињата лук…

    Следно, расфрлајте го сирењето врз целата пица… Потребно е сирење кое убаво ќе се растопи врз пицата без пребргу да изгори.

    На крај, земете ги парчињата чери домати и рамномерно распоредете ги врз филот на пицата, а потоа ставете ја во рерна на температура од 150 степени 20 минути или додека тестото да стане крцкаво на допир по рабовите.

    Чекор 4: Време е за сервирање: Расфрлете неколку листови свеж босилек врз пицата и сервирајте големо парче во чинија... И спремно е!

    СОВЕТ: Интегралното брашно е потешко и ослободува енергија побавно, што значи дека можете да јадете помалку и да направите подолга пауза до наредниот оброк или ужинка. Ова навистина е најздравиот начин да се јаде пица. Кога сме веќе тука, зошто да не ставите и малку јаткасто овошје или семки?

    Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Сет тави за пица
    Тава за пржењеСет тави за пица