Испечати

Пилешки стек со кисело млеко

Пилешки стек со кисело млеко

Состојки

  • 1/2 кг стек на коцки
  • 1/2 кг сецкани шампињони
  • 1/2 китка магдонос или 2 лажици сушен
  • 1 кисело млеко
  • 4 јајца
  • 1 чесне лук

Подготовка

1.Месото, посолено и побиберено, се пропржува на малку зејтин во Делимано вог тава.
2. Се додаваат печурките и се пржат додека да испари водата.
3. Се става во огноотпорно тавче и се прелива со смеса од кисело млеко и јајца. Се додава магдоносот и лукчето и се се промешува.
4. Се пече на 200 ст.Ц додека малку порумени површината.

Ова е истотака јадење без маснотии особено за оние кои се на Дукан диета. Вкусно е, но јас го сакам повеке со павлака место со кисело млеко, па вие изберете си.