Јогурт торта
Состојки
- 2 кутии пишкоти
- 660 мл овошен јогурт од јагоди
- 150 гр малини
- 400 мл хопла
- 2 желатина
- карамел млеко
- 150 гр шекер
- 200 мл млеко
Подготовка
најпрво се прави карамел млекото, се топи шеќерот на оган да добие златно жолта боја па му се додава млекото и се меша додека да се соединат карамелизираниот шеќер и млекото. Се тргнува од оган и се остава да се олади.
Хоплата се мати и и се додаваат малините. Желатинот се меша со 5 лажици вода и се става на оган да се растопи. Растопениот желатин се додава во овошниот јогурт и се меша да се соединат. Во сад со обрач се редат еден ред пишкоти натопени со карамел млеко врз нив се става хоплата со малини, се реди уште еден ред пишкоти, па се става овошниот јогурт. Одозгора се редат декоративно пишкоти и се украсува со хопла. Тортата се става во фрижидер да стегне 2-3 часа се вади обрачот и се разбира се дегустира