Видео рецепт: Шпански појадок
Состојки
Првпат го пробавме ова јадење кога бевме на краток одмор во Севиља, на југот од Шпанија. Има едно мало кафуле во кое луѓето одат секој ден и го јадат истото јадење за појадок. Идејата е едноставна, но вкусот е неверојатен. Сигурни сме дека и Вие ќе го пробате.
Состојки
- 2 големи домати
- половина векна крцкав леб
- 8 парчиња пршута
- 75 милилитри маслиново масло
- 2 чешниња лук
- магдонос за украсување
- сол и бибер
Подготовка
Чекор 1: Прво ќе направиме масло со лук. Ова е многу подобро отколку да купувате лук во прав, а можете да го користите и во иднина за приготвување леб со лук.
Излупете ги чешнињата лук и оставете ги цели.
Ставете ги цели во стаклен сад со малку маслиново масло.
Потоа ставете ги во блендер и блендирајте додека добиете масло со лук со иста густина. Најчесто маслото со лук го подготвуваме однапред и го оставаме во фрижидер за да го искористиме кога ќе ни затреба.
Чекор 2: Сега земете го лебот, пресечете го на половина, и потоа уште еднаш на половина за да добиете 4 парчиња.
Со четкичка премачкајте ги сите 4 парчиња леб со маслото со лук.
Чекор 3: На ред се доматите. Отсечете го горниот дел од доматите, ставете ренде во чинија за да се собира сокот и започнете да ги рендате, претварајќи ги во пулпа. Завршете со рендањето кога в рака ќе Ви остане само лушпата.
Чекор 4: Време е за печење: загрејте ја плотната на висока температура и потоа ставете ги парчињата леб да се печат.
Повремено превртувајте ги. Сакаме лебот да добие боја и да се потпече.
Чекор 5:Време е за сервирање: наредете го лебот на чинија.
Потоа со лажица прелијте го лебот со ренданите домати.
Потоа ставете ја пршутата на лебот и украсете со магдонос.
СОВЕТ:Забележавме дека некои луѓе го јадат ова јадење со пршута, а некои без. Се чини дека пршутата ја ставате ако имате некој денар повеќе во џебот, но најголем дел од луѓето ужива во овој појадок со печен леб, домати и малку сол. Лесен и едноставен појадок кој бара домати со одличен квалитет, кои можете да ги најдете само во земјите кои се сончеви поголем дел од годината.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Грил тава