Испечати

Икра од морков

Икра од морков

Состојки

  • 3 моркови, само сокот
  • 1 пакетче желатин
  • 1/2 чаша масло

Подготовка

Морковите исцедете ги во соковник.
Чашата со масло ставете ја во замрзнувач да стои 2 саати.
Желатинот растворете го со 3 лажици вода и кога ќе набабри ставете го во микробранова само 10 сек. и турете го во сокот од моркови. Промешајте.
Ви треба и 1 цевче за сок, пластично.
Цевчето ставете го во сокот од морков и пред да го кренете, затнете го со палецот.
Над чашата со изладеното масло, нежно притискајќи со другата рака (за тоа време цевчето е цело време затнато одозгора со палецот) на долниот дел од цевчето, капнувајте капки од сокот. Тие одма се здрвуваат во ладното масло и ќе паѓаат на дното од чашата.
По некое време, исцедете го маслото, икрата тргнете ја во фрижидер, а маслото пак ставете го во замрзнувач, за да ја повторите постапката до крај. Ако ви се стегне за тоа време сокот, ставете го на неколку сек. во микробранова.
Овие таканаречени икри, се одлична декорација за разни салати.