Испечати

Јагула

Јагула

Состојки

  • 1 јагула
  • 1 главица лук
  • 1 главица кромид
  • 2 моркова
  • 2/3 чаша бело вино
  • 1/3 чаша винска киселина
  • 1 чаша вода
  • 70 мл масло
  • малку сол бибер, цела китка магдонос

Подготовка

Исчистената јагула (тоа нека го направи некој кој се разбира од тие работи) засечете ја на неколку места, на далечина од 7-8 цм, ама не до крајот, треба да остане цела. Во засеците ставете лукче, залијте ја со малку вода и масли и ставете ја во земјана тава со капак да се пече.
После 20 мин. печење исцедете ја течноста и истурете ја, тоа е нејзината мрснотија, која нема да ни треба.
Кромитчето изпржете го малце па измешајте го со наренданиот морков, лукчето и магдоносот и наредете го околу јагулата.
Одозгора прелијте ја со водата, киселината, виното, маслото, посолете ја, ставете бибер и треба да се пече се додека не омекне, да се зацрвени одозгора.