Домашни сирењаци
Состојки
- 1кг брашно
- 250мл топла вода
- 1коцка свеж квасец,4лажици шеќер,2лажици сол
- 1 јајце
- 200мл јогурт
- 100мл зејтин
- фил
- 300гр сирење
- 200гр кисело млеко
- 2 јајца
- 150гр маргарин
Подготовка
Се меси тесто со стасаниот квасец во водата, јогуртот, јајцето и зејтинот и убаво се изработува да се добие мазно тесто.Тестото се остава да стаса и се дели на два дела. Од двата дела се сукаат две правоаголни кори кои се премачкуваат со 150гр растопен маргарин.
Фил
Јајцата се матат со к.млеко со вилушка и им се додава издробеното сирење. Киселото млеко се додава заради соленоста на сирењето и го прави тестото помеко.
Откако корите ќе се премачкаат со маргаринот се разнесува филот по целата кора и се витка ролат кој потоа се сече на парчиња и се реди во подмачкан плех. Филот е потечен но така треба и одкако ќе се премачкаат ролатите останува малку фил.Во него се додава уште едно јајце, 3-4лажици к.млеко и 3-4 лажици зејтин.Одкако сирењаците ќе стасаат се премачкуваат со овој фил и се печат.Од една доза излегуваат доста и навистина се добива прекрасен појадок.