Испечати

Мили-ванили

Мили-ванили

Состојки

  • За подлога
  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • За црвен фил
  • 1/2 кг јагоди
  • 200 мл вода или сок од јаготки
  • 3-4 лажици шеќер
  • 2 пак. црвен прелив за торта*
  • За крем
  • 3 жолчки
  • 2 јајца (или 1 ванила пудинг)
  • 1 пак. ванилин шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 3-4 лажици шеќер
  • 2 мл арома ванила
  • 1/2 мл млеко
  • 125 гр маргарин
  • За украсување
  • 1 пак. шлаг пена

Подготовка

Подлога
Изматете ги белките во цврст снег, па постепено додајте го и шеќерот. Матете додека се растопи. На крај, додадете го брашното мешајќи со дрвена лажица. Смесата излијте ја во намастен и набрашнет калап со пречник 22 см или 20х30. Печете 10на мин. на 180 мин. Оставете да излади, но не го вадете од калапот, бидејќи ќе ви исплива горе кога ќе го додадете црвениот фил (фото2).
Црвен фил
Измиените јагоди испасирајте ги со помош на вилушка. Додадете го шеќерот и преливот за торта кој сте го разредиле со 200мл вода. Ставете ја смесата да зоврие. Потоа оладете ја малку и прелијте ја подлогата во калапот.
Оставете потполно да се стисни филот. Јас кога малку подоладе во интерес на време го ставив калапот во замрзнувач, одприлика пола саат. Тоа сами ќе си процените кога ќе се желира.
*Јас место црвен прелив за торта користев 1 пакетче желе со вкус на јагоди кое го разредив со 250мл вода и за секој случај додадов 10 грама желатин, но не мора, бидејќи самото желе во упатството е за да се раствори со 400мл вода.
За крем
Млекото ставете го да се вари. Јајцата и жолчките со шеќерот и ванилата пенасто изматете ги. Потоа додадете го брашното (и пудингот, но тогаш не ги коритете целите јајца). Смесата излијте ја во млекото пред точка на вриење, тргајќи го на страна од рингла и промешајте добро, па вратете и варете со постојано мешање додека не се згусти кремот. Кога ќе го тргните од оган додадете ја аромата од ванила и маргаринот и со миксерот убаво измиксирајте ја смесата. Оставете да се излади па нанесете го кремот над црвениот фил.Повторно оставете час до 2 да се стегни кремот и на крај филовајте со шлаг пена одозгора и цели јагоди.
*Оригиналниот рецепт е за со јагоди. Го испробав и така(како на слика 2 кога се крена подлогата затоа што го одлепив бисквитот), и со малини како на главната слика (бидејќи јагодите не успеав да ги најдам на пазарот). Можите и со вишни и со цреши, но ми се чини дека со јагодите е полн погодок. Иако сепак се работи за вкус, но мислам дека сепак нема некој што може да им одолее на јагодите)))
Сладете се и уживајте под некоја сенка)