Торта со вишни
Состојки
- За кори
- 6 јајца
- 6 лажици шекер
- 4 лажици не многу полни брашно
- 2 лажици не многу полни какао
- За Маскарпоне крем
- 500 гр Маскарпоне
- 1 шоља слатка павлака
- 4 лажици шекер во прав
- 1 ванила
- За фил од вишни
- 500 гр вишни, мерени откако се исчистени
- 1/2 шоља (100 гр) шекер
- 1/4 шоља (30 гр) нишесте
- 1 шоља сок од вишни
- 1 ванила
- 2 - 3 лажици Мараскино ликер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180Ц. Во два плеха од шпоретот ставете хартија за печење.
Изматете ги јацата со шеќерот додека не добиете многу густа, светла пена. Просејте ги во неа брашното и какаото, нежно измешајте со жица или лажица и поделете ја смесата во двата плеха. Испечете две тенки кори, во мојата рерна беа готови точно за 10 мин.
Извадете ги заедно со хартијата од плехот, ставете ги една врз друга корите, одозгора ставете уште еден лист хартија и завиткајте како ролат на пократката страна. Оставете на решетка сосема да се оладат корите.
За филот од вишни:
Во средно големо тенџерче на средно силен оган варете ги сите состојки освен ликерот додека не добиете стаклеста, јасно црвена смеса со густина како пудинг во која не се чувствува вкусот на нишестето. Овој пат моите вишни не беа сочни, јас додадов уште малку сок од вишна зошто многу густ ми доагаше филот. Додајте го ликерот и добро измешајте. Оставете го филот сосем да се олади, повремено промешувајки го.
За кремот од Маскарпоне:
Во поголем сад ставете ги сите состојки и кратко изматете со миксер да добиете густ, изедначен, сјаен крем.
Одвиткајте ги корите и извадете ја хартијата. Секојa пресечете ja на три ленти. Моите беа широки 8 цм, а во должина на плехот. На првата лента премачкајте едeн слој Маскарпоне крем, а врз него, еден слој фил од вишни. Завиткајте ролат и поставете го исправен на подлогата на која ќе ви стои тортата.
Не ставајте по премногу крем и фил зошто тешко ќе ги ракувате понатаму корите. Повторете ја постапката со сите останати ленти лепејки ги една околу друга, сега дирекно на подлогата додека не ги потрошите сите и не ја оформите тортата. Дотерајте со рака да бите правилно округла, одозгора ставете уште по малку мегу корите од кремот и од филот.
Завиткајте ги страните со фолија и оставете ја во фрижидер барем неколку часа.
Пред да ја послужите отстранете ја фолијата и посипете ако сакате со малку шекер во прав.
Можите ако сакате и цела одоколу да ја премачкате со крем, има доволно. Мене вака ми е подекоративна. Преостанатиот крем и фил од вишни го разделив во чаши со искршени Амарети помегу.
Можете и да завиткате два обични ролати, не смета ништо, или да ги пресечете корите само на пола, па да ги наредите како торта, една врз друга. Според ваша желба.