Кадаиф со фстаци
Состојки
- 500 гр кадаиф
- 500 гр непечен фстак
- 250 гр путер (маргарин)
- Шербет
- 1 кг шеќер
- 700 мл вода
- 2 лимони
Подготовка
Кадаифот распостелете го на работната маса и попрскајте го со растопениот путер.
Во некоја правоаголна тава ставете половината од кадаифот и добро настегајте го со рацете.
Одозгора ставете ги фстаците, па другата половина од кадаифот.
Пак настегајте го со раце, а можете и со помош на некоја штица (од оние што ги користиме за сечење).
Печете го на 170 Ц, додека не порумени малку одозгора, можеби половина час.
За шербетот, сварете го шеќерот и водата, 7-8 мин. ставете го лимонот на крукчиња и оставете го да се олади.
Млак кадаиф-млак шербет. Не го ставајте целиот шербет одеднаш, кутлача по кутлача...