Испечати

Макало-толчени пиперки со домати

Макало-толчени пиперки со домати

Состојки

  • 10 зелени пиперки
  • 2-3 домати
  • 2 чешниња лук
  • 3-4 лажици масло(препорака, ладно цедено сончогледово или маслиново)

Подготовка

На умерен оган испечете ги пиперките. Печените пиперки одложете ги во најлонска кеса и врзете ја или преклопете ја. Така да одстојат некои 5 минути, па потоа полесно се лупат. Лукот ситно исецкајте го и со малку сол во аван ако го имате, ако не во еден подлабок сад истолчете го. Излупените пиперки издробете ги во во садот и нив истолчете ги. Потоа излупете ги доматите (се препорачуваат сочни) и нив исто така издробете ги во садот со пиперките и истолчете ги заедно со пиперките и лукот. На крај, загрејте го маслото и прелијте ги со него и досолете по потреба.
Бидејќи сега пиперките се се уште кревки и млади има уште една варијанта на ова пролетно и летно вкусно макало(фото3)... Издробете ги и на масло пропржете ги. Откако ќе омекнат, додадете ги и исецканите домати и ситно сецканиот лук (или ако милувате ставете лук во прав пред да ја тргнете тавата од оган). Пржете додека убаво не омекнат и не испуштат од своите течности, посолете и со парче мек леб убаво најадете се-на здравје!