Слатко од смокви
Состојки
- 3 кг смокви зелени
- 9 кг шеќер
- 2 лимона ( исечени на кругови)
Подготовка
За ова слатко најубаво е смоквите да се поситни. Со вилушка ја боцнуваме секоја смоква, потоа ги ставаме смоквите во мрежесто вреќинче, го ставаме вреќинчето во поголема шерпа со вода за да зовријат. Откако почнат да вријат ги тргаме од огнот и ја истураме таа вода, го полниме тенџерето пак со вода и го вракаме повторно на оган. Постапката ја повторуваме 9 пати (смоквите да превријат низ 9 води). Последната вода ја истураме и го закачуваме вреќинчето да се исцедат смоквите од вишокот вода. Почнуваме со подготовка на шербетот. Го ставаме шеќерот во тенџерето и го налеваме со вода и од него вариме густ шербет. Откако е готов смоквите си пропуштаме во шербетот претходно благо стискајки ги со раце за да им излезе водата што е навлезена внатре. ги вариме на не многу јак оган. Некаде при крајот во тенџерето ги додаваме и круговите лимони. Откако е готово слаткото го тргаме на страна, го покриваме со влажна крпа и стои додека се излади. Потоа ладно се собира во тегли, убаво се затвара.