Испечати

Бајадера со оризови снегулки

Бајадера со оризови снегулки

Состојки

  • 2 јајца
  • 300 грама шеќер
  • 150 грама чоколадо
  • 250 грама маргарин ( коцка)
  • 300 грама мелени бисквити
  • 100 грама оризови снегулки
  • 100 грама чоколадо
  • 3 лажици масло

Подготовка

Јајцата и шеќерот се матата пенесто. Ги ставаме на тивок оган и ги додаваме маргаринот и чоколадото. Мешаме додека убаво не се стопат маргаринот, шеќерот и чоколадото.
Тргаме од оган и ги додаваме бисквитите и снегулките. На намастена тава ја истураме смесата рамниме со раце и ставаме глазура.
Глазурата ја правиме со растопено чоколадо на 3 лажици масло.