Испечати

Мусака од тиквички со сирење

Мусака од тиквички со сирење

Состојки

  • 2-3 тиквички
  • 250гр сирење
  • 3 јајца
  • 3лажици брашно
  • 150мл млеко
  • 150мл кечап или доматен домашен сос
  • 200гр шунка или сланина
  • 4лажици мелен двопек,
  • 50гр маргарин
  • прелив
  • 2 јајца
  • 4лажици павлака

Подготовка

Тиквичките се лупат и едната од нив се сече на ленти по должина, а другата на тркалца. Дебелината да биде иста-потенки. Се насолуваат и побиберуваат и се оставаат 10-15 минути да одстојат
Јајцата се матат со млекото и брашното со миксер убаво да се спојат.
Се зема огноотпорен сад или кој има ростер тава и се почнува со редење. Прво се редат долгнавестите парчиња и тоа со едниот дел надвор од тавата. Тавата се подмачкува со зејтин па се наросува со двопек. Парчињата тиквички се валкаат во изматената смеса и се редат. Откако ќе се нареди дното се ренда сирење и се става еден ред шунка или сланина, па со четка се мачка со кечап. Повторно се редат тркалца од тиквици исто извалкани во сосот, па се ренда сирење, шунка, малку кечап и се затвара со краевите што висеа надвор од тавата. Се става во рерна да се пече околу40мин на 200 и 10мин пред да се извади се полева со јајце изматено со павлака. Оваа мусака може да послужи како добро мезе или самостоен ручек.Бидејќи ми остана тиквица другата ја испохував со брашно и добив одличен прилог за со пивце
Кечапот не мора да се става, ама моиве деца буквално пливаат во кечап и затоа го вметнав во рецептот