Ежови од јајца
Состојки
- 1 јајце варено
- 1 парче шунка
- 4-5 солени стапчиња (соленки)
Подготовка
Го лупиме јајцето и го сечеме на половина по должина. Секоја половинка ја превртуваме со жолчката надоле. Парчето шунка исто така го сечеме на половина. Ја виткаме половината парче шунка во вид на фишек и му ставаме уста на ежето. Соленките ги кршиме на помали парчиња и ги боцкаме на грбот, а од кечапот му ставаме очи. Истото го повторуваме и со другата половинка од јајцето. Најчесто ги правам за родендени и децата се воодушевени.