Испечати

Шарена блага погача

Шарена блага погача

Состојки

  • 500гр брашно
  • 1 квасец
  • 1 филџан зејтин
  • 125мл млеко пресно
  • 125мл млеко кисело
  • 1 јајце
  • 1 белка
  • 1 филџан шеќер и малку сол
  • 50гр суво гројзе
  • 50гр ореви кршени
  • 1 жолчка
  • 1 лажица оцет (алкохолен)

Подготовка

Квасецот се раствара со малку млако млеко за да нарасне. Во длабок сад го ставаме брашното, јајцето, белката, шеќер, сол, оцетот, зејтинот, млекото и надојдениот квасец и со рака замесуваме меко тесто. Го оставаме на страна. Откако еднаш ќе стаса тестото го притискаме со рака и го оставаме уште 30 мин. Потоа тестото го размесуваме и го делиме на три еднакви дела. Првиот дел го обојуваме во зелена боја и во него ги додаваме кршените ореви. Вториот дел го обојуваме со жолта боја и во него го додаваме сувото гројзе. Третиот дел го обојуваме со црвена боја и во тој не се додава ништо. Од сите три дела плетеме плетенка и ја ставаме во подмачкан со маргарин куглоф. Оставаме погачата убаво да стаса. Одозгора ја премачкуваме со жолчка и ја наросуваме со сусам. Ја печеме на тем.од 250С -10мин., а потоа ја намалуваме тем. на 200С и печеме уште 30мин.