Испечати

Кошнички

Кошнички

Состојки

  • тесто
  • 250гр бисквити мелени
  • 250гр локум (сецкан)
  • 100фр ореви мелени
  • 6-7 лажици млеко или вода
  • 150гр шеќер во прав
  • глазура
  • 200гр чоколадо за готвење
  • 2-3 лажици зејтин
  • за полнење на кошничките
  • 200гр желе бонбони

Подготовка

Од бисквитите, локумот, оревите, млекото(водата) и шеќерот со рака се замесува хомогена смеса. Се зема дел од смесата и се прави бомбица колку орев и се ства во какапчето од внатресната страна (алатка за цедење лимон), со прстот правиме вдлабнатина и ја вадиме на масата. Земаме дел од смесата и со рака правиме мало сукалце со кое и ставаме рачка на кошничката.
Откако ги направиме сите кошнички го растопуваме чоколадото со зејтинот и секоја кошничка посебно ја потопуваме.Го цедиме вишокот чоколадо и ги оставаме да се стегнат. Желе бонбоните ги сецкаме на ситни коцки и со нив ги полниме кошничките. Од оваа смеса се прават од 30-35 кошнички.